За нас

Љубовта кон домашните миленици ја одреди нашата професија. Долгогодишни одгледувачи на расата Самојед и Американска Акита, со регистрирана одг. во ФЦИ под име Од Мано Сибериан, кинолошки судии, организатори на интернационални кинолошки изложби. Постоиме за да ви овозможиме грижа и нега,правилен раст и развој на вашите миленичиња.

Секогаш сме отворени за бесплатни совети, посредување при набавка и избор на вашиот миленик , како и се што е потребно за него по негова мера , бидејки секој од нив представува индивидуа со различни потреби.

Кај нас ке најдете богат асортиман на храна , закуски ,играчки, витамини,средства и прибор за хигиена, кафези и се што е потребно за здравје и срека на вашите миленичиња.

Во пријатен амбиент заедно со нив посетете не и изберете го најдоброто.

Амбуланта


Во нашата амбуланта ќе Ви овозможиме потребна помош и лечење на Вашите миленици, ќе Ви дадеме совети бидејќи ние најдобро знаеме колкава е љубовта и посветеноста кон нив .

Прва посета кај ветеринарен доктор :

• штом набавите домашен миленик
• кога Ви треба стручен совет
• кога Ви е потребна вакцина и третман против ендо и ектопаразити
• заради рано откривање на болести

Колку порано толку подобро :

Веднаш штом приметите промени кај вашиот миленик посетете ветеринар , тоа ќе даде подобар и побрз успех во лечењето на Вашиот миленик. Покрај љубовта и негата , редовната контрола ќе му овозможи подобро здравје и среќни часови поминати со Вас.

Превентива:

• Задолжително вакцинирање кај малите кученца и мачки(преходно прочистување од ендопаразити )
• Задолжително ревакцинирање
• Годишно вакцинирање на возрасни кучиња
• Задолжителна вакцинација против беснило (потребни се податоци со ЕМБГ на сопственикот и податоци од миленикот);
• Задолжителна апликација на микрочип;

Терапија :

• Болести на дишните патишта;
• Болести на дигестивниот систем;
• Кардиоваскуларни заболувања;
• Урогенитални болести.

Хируршки зафати:

• Стерилизација на женски единки;
• Кастрација на машки единки;
• Операции на тумори;
• Обработка на разни рани и повреди;

Породилство:

• Царски рез и акушерство при партус;
• Контрацепција.
• Вештачко осеменување

Пет Шоп

Работиме со познати брендови како:

BOSCH,Purina, Nestle, Pedigree, Eukanuba, Royal Canine , Gheda , Diusapet, KIKI, Padovan и уште многу други брендови.

,,Мано Пет Вет,, е увозник на сите видови опрема за домашни миленици на германскиот бренд Kerbl .

Увозник и дистрибутер за Македонија на храна од познатиот бренд Dibaq-Fitmin , Р.Чешка .

Увозник и дистрибутер за Македонија на храна Bonacibo-Турција .

Громинг

Капење и средување на милениците.

Закажете термин за капење, стржење, сечење нокти. Професионална опрема и грижа .

Пансион за миленици

Доколку сакате да патувате , а не сте во можност да го земете со Вас и Вашето милениче ние сме тука за Вас.

Професионално изградени боксови, со 24 часовен ветеринарен надзор, прошетки и игри со вашиот миленик.

Услугата е по Ваш избор, со Ваша или наша храна од брендот со кој веќе се храни миленикот , како не би ги менувале неговите навики за негово добро здравје.